Клинтон е подобна да биде претседател, според лекарски извештај

Вашингтон, 15 септември 2016 (МИА) - Кандидатката на Демократската партија за претседателските избори во САД, Хилари Клинтон објави денеска нови информации за својата здравствена состојба, со лекарскиот заклучок дека е здрава и подобна за извршување на претседателскиот мандат. 

Клинтон закпренува од „благо и лесно“ воспаление на белите дробови, кое и беше дијагностицирано, откако и се слоши во неделата на комеморацијата за жртвите на терористичките напади извршени во САД на 11 септември 2001 година.

Поранешната државна секретарка (68) „и натаму е здрава и подобна да биде претседател на САД“, напиша нејзината лична лекарка Лиза Бардак во деталниот „преглед на нови информации“ на две страници за здравствената состојба на Клинтон.

Бардак ги објави лабораториските наоди на Клинтон, кои покажуваат нормални вредности на холестеролот, триглицеридите и другите клучни параметри.

- Останатите резултати од нејзиниот систематски преглед се во границата на нормалата и таа е во одлична ментална состојба, наведе лекарката.

Таа додаде дека крвниот притисок на Клинтон е релативно стабилен, а од воспалението на белите дробови добро закрепнува, со користење антибиотик и одмор.

Доналд Трамп во меѓувреме ги предаде резултатите од неговиот систематски преглед на лекар во телевизиска емисија. Неговиот предизборен штаб сепак засега нема да ја открие содржината на документот.

Трамп се појави во „Шоуто на доктор Оз“, во кое темата е „неговата целокупна благосостојба и медицинската историја на неговото семејство“. Кандидатот за претседател на Републиканската партија му врачи на Мехмед Оз една страница, која ги содржи резултатите од прегледот, извршен минатата недела од неговиот долгогодишен лекар. Емисијата ќе биде емитувана утре и тимот на Трамп засега одбива да ги објави резултатите од прегледот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...