Самит на ОН посветен на бегалците и мигрантите

Њујорк, 19 септември 2016 (МИА) - Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк денеска ќе почне Самит за бегалците и мигрантите, кој ќе го отвори новиот претседавач на Генералното собрание на ОН Питер Томсон, по што ќе говори и генералниот секретар на ОН Бан Ким-мун.

- Ова е прв пат Генералното собрание на ОН да организира самит на ниво на шефови на држави и влади за големото движење на мигрантите и бегалците ширум светот и претставува историска можност да се изработи план за подобар глобален одговор, се наведува во соопштението на сајтот на ОН.

Самиот го свика претседателот на 71. седница на Генералното собрание во име на државите членки. На самитот ќе присуствуваат шефовите на држави и влади, министри, лидери на агенциите на ОН, претставници на цивилното општество, приватниот сектор, меѓународната безбедност, академските кругови.

На маргините на Генералното собрание утре американскиот претседател Барак Обама ќе биде домаќин на Самитот на лидерите за бегалците.

Додека Самитот на лидерите ќе се фокусира на бегалците, а не на мигрантите, во фокусот на Самитот на Генералното собрание на високо ниво ќе биде движењето на мигрантите и бегалците.

Генералната дебата во Генералното собрание, на која ќе учествуваат шефови на влади и држави членки на ОН ќе трае до 20 до 26 септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...