ФБИ : Уништувањето на „калифатот“ на ИД ќе доведе до невидена експлозија од тероризам

Вашингтон, 28 септември 2016 (МИА) - Светската заедница треба да се подготви за значајно зголемување на екстремистичките напади, што неминовно ќе се случи во следните неколку години како резултат на уништувањето на калифатот на Исламска држава, што беше прогласен во Ирак и Сирија, предупреди директорот на ФБИ, Џејмс Коми, цитиран од ТАСС.

На сослушувањето во комисијата за национална безбедност на американскиот Сенат, Коми изрази целосна убеденост дека е неизбежно уништувањето на „калифатот“ на ИД.

-Таканаречениот калифат ќе биде уништен, но предизвикот ќе се состои во тоа дека ќе останат стотици крајно опасни луѓе - сегашни борци на ИД. Сите тие нема да бидат убиени на бојното поле во Сирија и Ирак. Во следните две до пет години ќе се појави „терористичка дијаспора“, која ќе претставува нешто невидено досега, предупреди тој.

„Должни сме да се подготвиме и самите ние и нашите сојузници, особено во Западна Европа, за ефектите од оваа закана“, додаде шефот на ФБИ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...