Телефонски разговор меѓу Путин и Меркел за ситуацијата во Украина и Сирија

Москва, 29 септември 2016 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел се осврнаа на украинскиот и сирискиот конфликт, соопшти Кремљ.

Двајцата лидери се согласија за „обновување на напорите за целосна примена на договорите од Минск за прекин на огнот“ во источниот дел на Украина. Тие договориле и идни средби на различни нивоа во нормандиски формат и се согласиле дека е потребно да ги синхронизираат напорите за наоѓање решение за украинскиот конфликт.

Зборувајќи за Сирија, Меркел и Путин повикале за обединување на напорите за прекин на огнот во Сирија врз основа на договорот меѓу Русија и САД.

Путин нагласил дека е од големо значење исполнувањето на ветувањата од страна на американските партнери за разграничување на умерената опозиција од терористичките групи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...