Дутерте: Хитлер уби три милиони евреи, јас ќе убијам три милиони наркомани

Манила, 30 септември 2016 (МИА) - Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ја зајакна крвавата анти-криминална реторика со споредба на масакрот на Хитлер врз милиони Евреи со неговата амбиција која би го усреќила „доколку успее да убие три милиони зависници“. 

Дутерте ја даде оваа изјава во враќањето од Виетнам каде разговараше со тамошните лидери за националната борба против наркотици. 

- Хитлер уби три милиони Евреи, а ние имаме три милиони наркомани. Ќе бидам среќен ако би ги убил сите, нагласи Дутерте. 

Дутерте вели дека неговите јавни закани со смрт служат за да ги заплашат дилерите на дрога, да престанат да ја работат таа работа, како и да ги обесхрабрат потенцијалните корисници. 

Во неговата предизборна кампања. Дутерте Вети дека ќе убие толку дилери и корисници на дрога со што ќе може „да се нахранат сите риби на бреговите на Манила“, како и дека ќе ги убие со бесење бидејќи не сака да троши електрична енергија за нив. 

Додека жртвите на Хитлер биле невини луѓе, Дутерте тврди дека неговата цел е да ја „излечи“ неговата земја со убивање на криминалци, пренесува Танјуг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...