СЗО: Приближно 340 лица убиени во источно Алепо во последните неколку недели

Женева, 30 септември 2016 (МИА) - Во последните неколку недели приближно 340 лица се убиени во борбите во источниот дел на северниот сириски град Алепо, информира денеска Светската здравствена организација (СЗО), цитирана од британските медиуми.

-Во борбите меѓу владините сили и нивните сојузници, од една страна, и бунтовниците и исламистите, од друга, загинаа 338 лица, меѓу кои 106 деца. Во судирите, исто така, се ранети и 846 лица, вклучувајќи и 261 малолетници, изјави високо позициониран претставник на СЗО.

Тој побара да се прекине со убиствата и нападите врз медицинскиот персонал и болниците, како да се даде можност за евакуирање на ранетите и за доставување хуманитарна помош до населението.

Источен Алепо е контролиран од бунтовниците. Пред една недела владините сили почнаа копнена офанзива за преземање на овој дел од градот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...