Читателите на „Политико“ ја претпочитаат Кристалина Георгиева за иден генерален секретар на ОН

Брисел, 3 октомври 2016 (МИА) - Читателите на влијателното европско списание „Политико" најмногу би сакале Кристалина Георгиева да биде следниот генерален секретар на ОН, покажа анкетата со која биле опфатени 400 испитаници.

3а Георгиева се изјасниле 54 отсто од анкетираните. На второ место, со 35 отсто од гласовите е португалскиот кандидат Антонио Гутереш, кој засега води при гласањето во Советот за безбедност на ОН. Трет е словачкиот кандидат Мирослав Лајчак, со 11 отсто доверба, се наведува во анкетата.

Гласањето во Советот, што ќе се одржи оваа седмица, ќе биде прво на кое ќе фигурира и името на бугарската претставничка, откако пред неколку дена бугарската Влада официјално ја замени својата досегашна кандидатка Ирина Бокова.

Во написот се наведува и дека во последниве 18 месеци Георгиева водела „кампања во сенка". Пред оваа анкета, Георгиева изјавуваше дека би била полезна во ОН, оти целосно е во тек со светските процеси, и со нивната поврзаност.

„Политико" исто така истакнува дека доколку биде избрана, Георгиева би била првиот генерален секретар на Обединетите Нации, кој говори руски јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...