АИ : Богатите држави ја одбегнуваат одговрноста да примат бегалци

Лондон,4 октомври 2016 (МИА) - Американската организација за заштита на човековите права Амнести Интернешенел (АИ) ги обвини најбогатте држави во светот, дека свесно ја одбегнуваат одговорноста да примаат бегалци на својата територија, откривајќи дека овие земји имаат примено најмалку луге.

Десет земји кои учествуваат со само 2,5 отсто во светскиот Бруто национален производ (БНП) згрижуваат повеќе од половината од 21 милион бегалци и раселени лица, се вели во најновиот извештај на АИ.

Генералниот секретар на АИ , Салил Шети ги повика богатите, да примат повеќе бегалци и ја посочи Велика Британија, како „тажен пример“ на земја која нема успеано да преземе дел од својата одговорност кон бегалците.

Според податоците на ОН, Британија има примено осум илјади сириски бегалци, во последните пет години, сметајќи од 2011 година, пред да дојде до бегалската криза во Европа.

Ништо не е подобра ситуацијата и в САД, каде се сместени 12 илјади бегалци од Сирија, а нема ниту еден бегалец од оваа земја, каде пет години беснее гражанска војна, во Кина, Русија и во земјите од Персискиот залив кои се  едни од најбогатите во светот.

За разлика од нив, во Јордан, земја која има има БНП само 1,2 отсто од оној на Британија, се вдомени 650 илјади сириски бегалци. Во оваа земја има вкупно 2,7 милиони лица со статус на бегалци, што е најмногу од сите земји во светот.

На второ место е Турција со 2,5 милиони , па Пакистан со 1,6 милиони и Либан со 1,5 милиони бегалци од Сирија.

Владата во Лондон соопшти дека Британија дава пари и финансиски ги помага земјите со бегалци и целата бегалска криза, но АИ го отфрлија ваквото објаснување како недоволно и нефер.

АИ објасни дека е сосема некоректно решавањето на бегалскиот проблем да се уредува според принципот-еве ви пари, ама чувајте ги бегалците подалеку од нас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...