Кери: САД не се откажуваат од напорите за мир во Сирија

Брисел, 4 октомври 2016 (МИА) -  Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека САД не се откажуваат од мирот во Сирија  и покрај одлуката да ги суспендираат директните американско-руски преговори за примирје, пренесе Танјуг.

-Да бидам јасен. Не се откажуваме од сирискиот народ, ниту од напорите за мир. Ќе сториме се за да создадеме мирна, стабилна, неподелена Сирија, рече Кери во говорот на темата „Иднината на трансатлантските односи“ во организација на германскиот „Маршалов фонд во САД“ од Брисел.

Кери додаде дека Вашингтон и Москва и натаму ќе разговараат за Сирија во рамки на широките мултилатерални преговори, и дека ќе водат сметка за тоа на нивните воени авиони во Сирија да не им се вкрстат патиштата.

Американскиот државен секретар, меѓутоа, ја критикуваше Русија, изјавувајќи дека Москва ја отфрли дипломатијата и одлучи да му помогне на сирискиот претседател Башар ал-Асад да ги порази бунтовничките групи.

При тоа, како што додаде, „Русија се прави дека не гледа“ дека режимот на претседателот Асад користи гас хлорин и барел бомби против сопствениот народ.

- Сирискиот режим и Русија ја отфрлија дипломатијата, рече тој.

САД ќе продолжат со воените напори против таканаречната Исламска држава, за да се најде трајно политичко решение и на Сиријците да им се овозможи да се вратат во своите домови и на тој начин да ја ублажат мигрантската криза во Европа, рече Кери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...