Американците ги испразнија продавниците поради ураганот Метју

Празни полици во продавниците и долги редови на бензинските пумпи се честа глетка на патиштата на југоисточниот брег на САД во момент кога граѓаните од приморските места се подготвуваат за евакуација поради ураганот Метју.

Метеоролозите се уште не се сигурни колку силен ќе биде ударот од ураганот кога ќе стигне до САД, но Јужна Каролина се подготвува да евакуира речиси една четвртина од населението, додека другите сојузни држави ја активираа Националната гарда.

Граѓаните почнаа да прават залихи, а во некои продавници снема леб, млеко и батерии.

Во Флорида, Џорџија, Северна и Јужна Каролина прогласена е вонредна состојба поради доаѓањето на ураганот од категоријата три преку Карибите, а се очекува во текот на неделата да го погоди брегот на САД.

Се предвидува ураганот да го погоди брегот на Јужна Каролина в сабота, а ветерот да се движи до 160 километри на час.

Во налет на ураганот во Доминиканска Република загинаа четири лица, а оштетени се 200 куќи, а властите евакуираа 800 луѓе.

Претходно, ураганот Метју на Хаити усмрти три лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...