Подобро да не удри метеор отколку да победи Трамп или Клинтон

Младите Американци се толку незадоволни од понудата на претседателски кандидати што речиси една четвртина од нив во анкети наведуваат дека повеќе би сакале метеор да ја уништи Земјата отколку да го видат Доналд Трамп или Хилари Клинтон во Белата куќа.

- Такво прашање поставено е со цел да се одреди нивото на незадоволство меѓу младите Американци пред претседателските избори на 8 ноември, изјави Џошуа Дајк копретседател на Центарот за јавно мислење при Универзитетот Лоуел во Масачусетс кои го објавија тоа истражување.

Од вкупно 1.247 испитаници на возраст од 18 до 35 години, 23 отсто рекле дека повеќе сакаат метеор да ја збрише Земјата отколку да доживеат победа на републиканецот Доналд Трамп или демократката Хилари Клинтон.

Дури 53 отсто повеќе сакаат удар на голем метеор отколку Трамп за претседател на САД, а 34 отсто повеќе сакаат уништување на планетата отколку во Белата куќа да влезе Хилари Клинтон.

Триесет и девет отсто сметаат дека е подобро Обама да се прогласи за доживотен претседател на САД отколку власта да им се предаде на некој од сегашните кандидати.

Нешто повеќе од 26 отсто рекле дека е најдобро новиот претседател да се добие преку – лотарија.

Западни медиуми наведуваат дека оваа анкета е во спротивност со големиот одѕив на младите за претседателските избори во 2008 година кои обезбедија прв мандат за Обама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...