Пауел ја поддржа Клинтон: Трамп секојдневно ја навредува Америка

Вашингтон, 26 октомври 2016 (МИА) - Поранешниот американски државен секретар во републиканската Администрација на Џорџ Буш Помладиот, Колин Пауел изјави дека на претседателските избори ќе гласа за демократската кандидатка Хилари Клинтон, објави весникот „Њуздеј“. 

Пауел, како што тврди весникот, истакнал дека Трамп не е квалификуван за водење на државатам бидејќи на некој начин секој ден ја „навредува Америка“. 

- Ги навреди Латиноамериканците, ги навреди Афроамериканците. Ги навреди жените. Ја навреди неговата партија. Ги навреди нашите сојузници во светот, еден по еден. Ги навреди ветераните, нагласи Пауел. 

Тој ја пофали Хилари Клинтон и потенцира дека демократите номинирале „пријателка“, која ја познаваат 20 години, како и дека е паметна, способна и дека била добра државна секретарка. 

- Таа е урамнотежена, има темперамент и без оглед на тоа кој што ќе каже, таа е издржлива. Мислам дека е целосно способна да служи како претседателка на САД, заклучи Пауел. 

Пауке, кој беше и началник на американските Здружен генералштаб, го поддржа и демократот Барак Обама во неговите две успешни претседателски кампањи во 2008 и 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...