Најмалку 20 повредени во масовните антивладини протести во Венецуела

Каракас, 27 октомври 2016 (МИА) - Повеќе од 20 лица се повредени, а други 40 се уапсени, во масовните антивладини протести на опозицијата во Венецуела, јавуваат медиумите во оваа јужноамериканака земја.

Стотици илјади демонстранти излегоа на улиците во главниот град Каракас, како и во внатрешноста на Венецуела, протестирајќи против претседателот Николас Мадуро.

Посебно беа масовни протестите во западните градови Сан Кристобал и Маракаибо, каде дојде и до судири со специјалните сили на полицијата, јави Би-Би-Си.

Некои од демонстрантите изјавија дека се слушнале и истрели од огнено оружје, како и дека три лица биле застрелани, но во првите извештаи нема податоци за загинати лица.

Демонстрациите избувнаа откако властите забранија да продолжи процесот на собирање потписи за организирање референдум за сменување на Мадуро од претседателската функција.

Државната изборна комисија, која го запре процесот, тврди дека имало „фалсификати и измами“ кај собраните потписи, додека опозицијата обвинува дека комисијата само ја извршила наредбата на Мадуро.

- Референдумот е наше уставно право, но власта се плаши да дозволи негово организирање, изјавија за странските медиуми, учесници на протестите во Каракас.

Опозицијата го обнови собирањето на потписите, а Парламентот на Венецуела, во кој големо мнозинство има опозицијата, изгласа резолуција со која се наложува судење на претседателот Мадуро затоа што извршил насилство врз Уставот на земјата.

Николас Мадуро, поранешен возач на автобус и синдикален лидер, се обвинува дека ја довел Венецуела, земја богата со нафта, да остане без пари за купување лекови и основните потреби на населението.

Претседателот, пак, ја обвинува опозицијата дека работи за странски интереси и по странска команда, за да им ја предаде нафтата на компании од надвор.

Уставот на Венецуела предвидува референдум за отповикување на претседателот, откако ќе помине половина од неговиот мандат и ако се исполнат потребните услови, пред се, собирање на четири милиони потписи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...