Рекорден број жртви на противпешадиски мини во последните 10 години

Виена, 22 ноември 2016 (МИА) - Конфликтите на Блискиот Исток и во Украина, минатата година доведоа до најголем број на жртви на противпешадиски мини во последните десет години, соопшти денеска Меѓународната кампања за забрана на противпешадиски мини.

Здружението на невладини организации лани регистрирало 6.461 случај на загинати или повредени од противпешадиски мини и неексплодирани бомби, што е за 75 отсто повеќе во однос на 2014 година.

Зголемениот број на жртвите се должи главно на конфликтите во Либија, Сирија, Ирак, Јемен и Украина. Повеќе од една третина од жртвите се деца.

Сирија, Мјанмар и Северна Кореја се единствените земји кои го употребувале ова оружје во последните 12 месеци, се додава во извештајот на организацијата. Тие три држави не го потпишаа Договорот за забрана на противпешадиски мини.

Во истиот период, бунтовнички и радикални групи поставиле мини во најмалку десет земји и тоа во Колумбија, Нигерија, Авганистан, Пакистан и Мјанмар, кои им се придружуваат на Либија, Сирија, Ирак, Јемен и Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...