„Волстрит журнал“: Мит Ромни е главниот кандидат за нов државен секретар на САД

Њујорк, 23 ноември 2016 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го планира поранешниот претседателски кандидат на Републиканската партија, Мит Ромни, за главен кандидат за функцијата државен секретар, информира ТАСС.

Според податоците на весникот „Волстрит журнал“, Трамп во моментов е расположен функцијата прв американски  дипломат да му ја понуди на Ромни, човек кој е познат со своите антируски ставови.

Некои од соработниците на Трамп, меѓутоа, се залагаат за кандидатурата на поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани или, пак, ако тоа не мине да се продолжи со барање соодветен кандидат, забележува весникот.

Новоизбраниот претседател веројатно за шеф на Пентагон планира да го предложи генералот во оставка, Џејмс Матис, а постојан претставник на САД во ОН најверојатно ќе стане гувернерот на државата Јужна Каролина, Ники Хејли, додава „Волстрит журнал“.

За време на својата предизборна кампања во 2012 година, Ромни Русија ја нарече „геополитички противник број 1 на САД“, но загуби на изборите против Барак Обама, потсети ТАСС.

Во последните месеци Ромни редовно го критикуваше Трамп и одби да да го поддржи пред изборите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...