Трамп на 15 декември ќе го напушти својот бизнис за да управува со САД

Вашингтон, 30 ноември 2016 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека на 15 декември ќе свика прес-конференција на која ќе ја соопшти својата намера да го напушти бизнисот за целосно да се фокусира на управувањето со земјата, пренесе ТАСС.

Трамп на Твитер напиша дека на 15 декември на прес-конференција, заедно со своето семејство, ќе го претстави планот за „целосно повлекување од бизнисот“.

- На 15 декември ќе свикам голема прес-конференција во Њујорк, заедно со децата, за ја објавиме мојата намера да го напуштам својот голем бизнис, со цел целосно да се фокусирам на управувањето со земјата, за „Америка повторно да ја направам голема“, напиша тој.

Трамп посочи дека, според законот, тој не е должен да ги прекине врските со својот бизнис, но смета дека е „очигледно многу важно како претседател на земјата на никаков начин да не влегува во конфликт на интереси“.

- Затоа се подготвуваат правни документи, што целосно ќе ме извадат од бизнис активностите. Претседателството е многу поважна задача, изјави тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...