Путин го наредил кибер нападот за да му помогне на Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин ја наредил „кампањата за давање помош“ во 2016 година, насочена кон претседателските избори во САД. Нејзината цел била да се поткопа демократскиот процес и да се оцрни кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон. Ова се посочува во синоќа објавениот декласифициран извештај на американското разузнавање, цитиран од британските медиуми.

„Нашата оценка е дека рускиот претседател Владимир Путин ја наредил кампањата за помагање во 2016 година, насочена кон претседателските избори во САД“, пишува во документот.

„Освен тоа, според нас, Путин и руската држава развиле јасни симпатии кон избраниот претседател Трамп. Имаме голема увереност во овие свои оценки“, се наведува во извештајот.

„Исто така, заклучивме дека Путин и руската држава имале стремеж да придонесат за шансите за победа на избраниот претседател Трамп, каде и кога тоа било можно, дискредитирајќи го државниот секретар Клинтон и јавно ставајќи ја во понезавидна позиција од него“, пишува уште во документот.

Американските специјални служби сметаат дека руското воено разузнавање (ГРУ) употребило посредници, како сајтовите Викиликс, „ДиСиликс“ (DCLeaks.com) и „Гуцифер 2.0“ (Guccifer 2.0), за да ги лиферува добиените имејли на Националниот комитет на Демократската партија, како и на високо позиционирани претставници на демократите. Како цели на операцијата биле набележувани луѓе, поврзани и со двете големи политички партии во САД, пишува уште во извештајот.

Според документот, со „голема увереност“ може да се заклучи дека ГРУ ги искористило овие посредници „за јавно да ги лиферува податоците стекнати од кибер операциите за американските жртви, како и преку специјални канали кон медиумите и Викиликс“.

Во документот уште се посочува дека не е утврдено руското влијание врз американските системи за пребројување на гласовите.

Извештајот е изготвен од ЦИА, ФБИ и Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА).

Актуелниот американски претседател Барак Обама во четвртокот бил запознаен со констатациите во класифицираната верзија на извештајот, а новоизбраниот, Доналд Трамп, вчера, посочува ДПА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...