Хуманитарни организации злоупотребуваат средства наменети за бегалци, тврди нигериски гувернер

Мајдугури, 12 јануари 2017 (МИА) – Хуманитарни агенции меѓу кои и Детскиот фонд на ОН (Уницеф) се збогатуваат од фондовите наменети за помош на бегалците во Нигерија, кои се принудени да ги напуштат домовите заради исламистичката група Боко Харам. Тоа го изјави синоќа гувернерот на северноисточната нигериска држава Борно.
Критиките следуваат по декемвриските обвиненија на претседателот Махамаду Бухари дека ОН и приватни агенции намерно ги зголемуваат проценките за хуманитарната криза за да соберат повеќе средства.
Во декември ОН повика за собирање милијарда долари со предупредување дека 5,1 милиони луѓе гладуваат, а десетици илјади деца ќе ги загубат животите оваа година без неопходната помош.
– Некои луѓе заработуваат на агонијата на нашиот народ, изјави синоќа гувернерот Кашим Шетима пред пратеници и новинари во главниот град на Борно, Мајдугури. – Луѓето кои сакаат да помогнат се одбредојдени. Но, тие кои се тука само за да не искористат може да си одат. Немаме потреба од нив бидејќи се тука само за да профитираат, изјави тој.
Шетима нагласи дека само осум од 126 регистрирани агенции „работат добро“. Тој ги обвини конкретно Уницеф дека злоупотребиле средства купувајќи блиндирани автомобили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...