Над 100 исчезнати при поронување на брод со мигранти во Медитеранот

Триполи, 15 јануари 2017 (МИА) - Брод, со кој се превезувале над сто мигранти, ноќеска потона во водите на Средоземното Море во близина на бреговите на Либија, соопшти денеска Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Според ТАСС, спасувачките екипи досега пронашле осум тела и само четворица преживеани бродолмци, па се стравува дека сите останати мигранти, кои официјално се водат како исчезнати, се удавиле.

Според различни извори, на бродот имало меѓу 107 и 110 мигранти, речиси без исклучок по потекло од африканските земји.

Преоптоварениот брод се превртил и потонал на околу 50 километри од либискиот брег.

Во потрага по преживеани мигранти се вклучени бродови и хеликотер на Европската агенција за контрола на надворешните граници Фронтекс.

Според податоците на ИОМ, во текот на минатата година околу 350.000 мигранти се обиделе да стигнат од Африка до италијанскиот брег, При тоа, во разни несреќи и бродоломи загинаа најмалку 4.600 мигранти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...