Обама: Израелската доселеничка политика може да спречи создавање на палестинска држава

Вашингтон, 16 јануари 2017 (МИА) - Зголемувањето на бројот на израелските населби на Западниот Брег е толку значајно што ја попречува можноста за создавање на палестинска држава, што е единствен начин за решавање на овој конфликт, изјави Барак Обама во своето последно интервју како претседател на САД.
Тој негираше дека има голем јаз во односите меѓу САД и Израел, откако Вашингтон одлучи минатиот месец да не стави вето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се осудува израелската доселеничка политика.
- Поради своите инвестиции во регионот и затоа што ни е грижа за Израел, мислам дека имаме легитимен интерес да кажеме на пријател: Ова е проблем и ќе има долготрајни последици за мирот и безбедноста во регионот и за САД , рече синоќа Обама во емисијата „60 минути" на Си-Би-Ес.
Тој се осврна на политичкото наследство и најголемите предизвици за време на осумте години минати во Белата куќа. Многу од неговите политики, од здравство до спорните односи со Израел, можат да бидат минливи, бидејќи по инаугурацијата оваа недела, Доналд Трамп вети дека ќе стави крај на некои од нив.
Трамп неколку пати јавно изјави дека не ја одобрува политиката на Обама и често се впушташе во јавни спорови со него преку Твитер. Неодамна тој го обвини Обама дека поставува „провокаторски“ пречки пред транзицијата на власта и нејзиното управување, со тоа што се однесува кон Израел со „целосна презир".
Обама призна во интервјуто дека сегашниот транзиција на власта е „необична“ и изрази уверување дека и неговиот наследник би се согласил со тоа.
Претседателот во заминување ги предупреди луѓето да не ја „потценуваат личноста“ и ги повика републиканците во Конгресот и приврзаниците на Трамп низ целата земја да се уверат дека „некои норми, некои институционални традиции нема да бидат поткопани, бидејќи постои причина поради која биле воведени".
- Треба да се фокусираме на тоа демократијата да ни да остане здрава и да го зачуваме духот на солидарност, истакна Обама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...