Обама заминува од Белата куќа со поддршка од 58 проценти

Вашингтон, 17 јануари 2017 (МИА) - Претседателот на САД, Барак Обама в петок ќе замине од Белата куќа со рејтинг од 58 проценти, покажуваат резултатите од анкетата на институтот „Галуп“.
Обама има четири проценти помалку од претседателот Џорџ Буш постариот кога ја напушташе функцијата во 1993 година, додека Бил Клинтон во 2001 година замина со рејтинг од 57 проценти, а Џорџ Буш помладиот во 2009 година имаше рејтинг од само 40 отсто.
Обама на почетокот од првиот мандат имаше рејтинг од 69 отсто, потоа следеше пад, па зголемување до 62 отсто по претседателските избори во ноември, за да се намали до 58.
Првата дама Мишел Обама е попопуларна од својот сопруг со рејтинг од 68 проценти, колку што беше и во јануари 2009 година, кога влезе во Белата куќа.
Вицепретседателот Џо Бајден има рејтинг од 61 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...