Ѕидот на САД кон Мексико може да биде исклучително скап проект

Ѕидот што го предлага американскиот претседател Доналд Трамп на границата кон Мексико е исклучително скап проект. Ѕидот треба да спречи незаконско навлегување од Мексико.

Сега од 3.200 километарската граница меѓу двете држави, 1.050 се веќе преградени со заштитна ограда која спречува луѓе и возила да преминат од едната во другата држава.
Трамп рече дека новиот ѕид ќе чини меѓу 4 милијарди и 10 милијарди долари.

Според архитекти и инженери, проектот ќе биде доста поскап.
Од Универзитетот во Масчусетс наведуваат дека изградба на ѕид долг 1.609 км ќе чини меѓу 27 и 40 милијарди долари. Засега Мекдико категорично отфрла финансирање на таков проект.

Американски медиуми јавуваат дека ѕидот треба – теоретски - да биде изграден од бетонски блокови засилени со челични потропи и зациментирани во земја доволно длабоко за да не може да се копаат тунели одоздола.
За време на предизборната кампања, Трамп рече дека за да биде поубав ѕидот може врз него да биде нацртан неговиот лик.

Изградбата на ѕидот може да има проблеми поради реката Рио Гранде и од закон што забранува градење на каков било објект што може да попречи на распределувањето на водните ресурси. Ѕидот би требало да мине низ реони со приватни поседи и тоа може да доведе до долги судски процеси за обештетување како и можни несогласувања на локално ниво, јавуваат американски медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...