Трамп го прифати повикот на Меркел за самитот на Г-20

Вашингтон, 29 јануари 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го прифати синоќа повикот на германската канцеларка Ангела Меркел за присуство на самитот Г-20 во Хамбург во јули оваа година.

Трамп и Меркел при телефонскиот разговор се согласиле за „фундаменталното значење“ на НАТО, како и дека членките на Алијансата мораат да „го платат нивниот дел“ од трошоците за колективната безбедност, се наведува во заедничкото соопштение на двајцата лидери.

Во соопштението на Белата куќа стои дека Трамп ја повикал Меркел наскоро да замине во посета на Вашингтон.

Меркел и Трамп разговарале и за Блискиот Исток, северна Африка, нивните односи со Русија и судирите во источна Украина, се наведува во соопштението на портпаролот на германската Влада.

Лидерите на Германија и САД се согласиле да ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...