Безбедносни камери го регистрирале нападот врз полубратот на Ким Џонг-ун

Куала Лумпур, 20 февруари 2017 (МИА) - Безбедносни камери го регистрирале нападот на аеродромот во Куала Лумпур врз полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Снимката е објавена од јапонската телевизија Фуџи ТВ.
На видео снимката, од два различни агла, се гледа жена која застанува зад еден маж и му го фаќа лицето со двете раце, а потоа заминува. Друга жена, исто така, по нападот брзо се одалечува во друг правец, иако не се знае дали и таа учествува во него.
Потоа се гледа како крупниот, ќелав маж на средна возраст се препнува и го брише лицето по нападот, а подоцна на снимката се забележува како бара помош, го покажува лицето и на крајот е однесен до медицински пункт.
Полицијата вчера на прес-конференција соопшти дека нападнатиот им се пожалил на цариниците на аеродромот дека две жени му го допреле лицето со крпа со некаква течност.
Убиството на Ким Чонг-нам предизвика дипломатски недоразбирања меѓу Малезија и Северна Кореја, која настојува да не се врши аутопсија и телото да и биде предадено. Малезиското Министерство за здравство, пак, соопшти дека аутопсијата е нормална процедура и резултатите од неа ќе бидат готови веројатно до 22 февруари.
Полицијата истакна дека четворица осомничени Севернокорејци ја напуштиле Малезија на денот на нападот, но не соопшти повеќе детали. Според медиумите, тие се вратиле во Пјонгјанг преку Џакарта, Дубаи и Владивосток.



Јужнокорејските власти сметаат дека „убиството на Ким Чонг-нам е терористички акт, со кој се демонстрира жестокоста на режимот во Северна Кореја“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...