Терористи од Сирија масовно произведуваат рачно изработени мини, тврди руски генерал

Москва, 21 февруари 2017 (МИА) - Терористи во Сирија масовно произведуваат рачно изработени експлозивни направи и противпешадиски мини со цел да ги зголемат до максимум штетите и загубите меѓу цивилите, изјави денеска началникот на руските Инженерски воени единици, генерал-потполковник Јуриј Ставицки.
Како што јави ТАСС, во Русија денеска се вратија деминери од оваа единица, кои учествуваа во операција за деминирање на сирискиот град Алепо, каде работеа од декември минатата година,
- Откако ги исполнивме задачите во Палмира (Алепо) се судривме со поорганизирана терористичка единица, обучена на минска војна. Денес тоа се чувствува уште посериозно, изјави Ставицки.
- Откривме магацини со рачно изработени противпешадиски мини. Тоа покажува дека терористите сериозно се подготвуваат да нанесат штети и загуби главно на сириското населеие, рече тој.
Руските експерти изминатите три месеци расчистија над три илјади хектари површина во Сирија, вклучувајќи 4.500 станбени згради и 250 социјално важни објекти - училишта, џамии болници. Деминирани беа 13 населени места, деактивирани 36 илјади експлозивни предмети, меѓу кои над 20 илјади рачно изработени експлозивни направи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...