Американскиот Сенат го утврди милијардерот Вилбур Рос за нов министер за трговијаВашингтон, 28 февруари 2017 (МИА) - Американскиот Сенат го утврди милијардерот инвеститор Вилбур Рос за министер за трговија, пренесоа светските агенции. Кандидатурата на Рос Горниот дом на американскиот Конгрес ја одобри со 72 сенаторски гласа „за“, наспроти 27 кои беа „против“. Рос изјави дека Владата на претседателот Доналд Трамп ќе работи на итна преправка на Северноамериканската спогодба за слободна трговија (НАФТА). Тој, исто така, беше нагласено критичен кон трговската пракса на Кина. Рос има значајни бизнис врски низ светот, а неговото богатство се проценува на 2,9 милијарди долари.
|