Мексикански конгресмен ја покажува апсурдноста на ѕидот на Трамп

Мексико Сити, 3 март 2017 (МИА) - Мексиканскиот конгресмен Браулио Гера се качи на оградата изградена долж границата со САД за да покаже дека граничниот ѕид на американскиот претседател Доналд Трамп е „непотребен и целосно апсурден“.
Конгресменот од државата Керетаро на Твитер објави фотографии и видео снимка на кои се гледа како седи на оградата висока околу 10 метри.
- Би било едноставно да скокнам во САД, што ја покажува непотребноста и целосна апсурдност од изградбата на ѕидот. Лесно е и покажува колку е непотребен овој проект, оваа политичка реторика на Доналд Трамп, изјави Гера.
На една од објавените фотографии има уште две лица како седат на ѕидот. Гера тврди дека ѕидот е лесен за качување.

Еј-Би-Си њуз наведува дека Гера не објавил фотографии или видео снимка како се качува на ѕидот, а некои корисници на Твитер го поставија прашањето како тој се качил на оградата и колку тој потфат навистина е лесен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...