Под мотото „Америка на прво место“ Трамп денеска го претставува новиот буџет на САД

Вашингтон, 16 март 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе претстави дел од буџетскиот план за идната година, што се очекува да ги инкорпорира зголемување на трошоците за одбрана и намалување на средствата за помошта за странство и заштитата на животната средина, јави ДПА.
При составувањето на предлог буџетот погледите на претседателот се претворија „во бројки“, забележа директорот за буџет Мик Малвени, посочувајќи ги повеќето пари за одбрана, граничната безбедност и примената на правото.
- Имате кандидат со мотото „Америка на прво место“, имате и буџет со мотото „Америка на прво место“, рече Малвени.
Буџетот на Стејт департментот ќе биде намален за 28 проценти, најмногу преку намалување на програмите за помошта за странство, додека „главната дипломатска функција на департментот“ ќе биде задржана, посочи директорот за буџет.
Државниот секретар Рекс Тилерсон, кој се наоѓа во посета на Јапонија, денеска во Токио изјави дека очигледно нивото на расходи на Стејт департаментот го достигна нивото кое не може да се издржи, имајќи го предвид намалувањето на финансиите за дипломатијата на неговата земја за 28 отсто.
Министерството за одбрана, пак, ќе добие 10 проценти или 54 милијарди долари повеќе, а Министерството за внатрешната безбедност шест проценти повеќе, вклучувајќи и 1,5 милијарда долари во текот на оваа година за изградба на ѕидот долж јужната граница и 2,6 милијарди долари во 2018 година.
Предлог буџетот вклучува и намалување на финансирањето за Агенцијата за заштита на животната средина, а ќе се прекине и со владиното учество во Корпорацијата за јавно радиотелевизиско емитување (Си-Пи-Би).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...