Директорите на ФБИ и НСА ќе сведочат за евентуалните врски на Трамп со Русија

Директорите на Федералното истражно биро (ФБИ) и на Агенцијата за национална безбедност (НСА) ќе сведочат денеска пред Конгресот на САД за потенцијалните врски на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија и неговите тврдења дека бил прислушуван од поранешниот шеф на државата Барак Обама.

Џејмс Коми и Мајк Роџерс првпат ќе зборуваат јавно за тие две прашања, кои ја заинтересираа американската јавност претходните недели.

Комни ќе сведочи пред Комитетот за разузнавачки прашања при Претставничкиот дом на САД за вмешаноста на Русија во предизборната претседателска кампања во САД минатата година. Закажано е сведочење и на Роџерс.

Претседавачот со американскиот конгресен Комитет за разузнавачки прашања, Девин Нунс вчера изјави дека „нема докази“ оти предизборниот тим на Трамп бил во дослух со Русија пред одржувањето на претседателските избори во САД минатата година.

- Врз основа на она што го видов досега, нема докази за тајни договори, истакна Нунс.

Евентуалните врски на Трамп и неговиот тим со рускиот претседател Владимир Путин се тема на бројни шпекулации откако е избран за претседател на САД на 8 ноември 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...