Пјонгјанг можеби е одговорен за кражбата на 81 милион долари од сметка на Банката на Бангладеш

Вашингтон, 23 март 2017 (МИА) - Северна Кореја е одговорна за кражбата на 81 милион долари од сметка на Централната банка на Бангладеш, откриена во њујоршката филијала на американската Управа за федерални резерви, пишува весникот „Волстрит џурнал“.
Американското правосудство се подготвува да обвини кинески посредници, кои му помогнале на Пјонгјанг во кражбата, извршена преку хакерски напад во февруари минатата година. Хакерите успеале, користејќи систем за меѓународен трансфер СУИФТ, да префрлат од сметка на Централната банка на Бангладеш во филијала на Управата за федерални резерви во Њујорк, 81 милион долари на сметка на Филипините. Подоцна дел од парите исчезнале, а другиот дел бил испран преку казина. Хакерите се обиделе да префрлат уште 850 милиони долари, но њујоршката филијала на УФР го блокирал таквиот обид.
Според компјутерски експерти, за време на кражбата бил употребен софтвер, кој имал многу сличности со оној што бил користен за хакерскиот напад врз филмските студија на „Сони пикчерс“ во 2014 година, кој според американските власти бил дело на Северна Кореја.
Кражбата од Централната банка на Бангладеш е меѓу најголемите банкарски кражби во модерната историја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...