Уапсен млад Израелец за испраќање закани кон еврејски организации низ светот

Ерусалим, 23 март 2017 (МИА) - Израелската полиција соопшти денеска дека уапсила еден 19-годишен постар тинејџер, со двојно американско и израелско државјанство, осомничен дека им праќал закани за бомбашки напади на еврејски институции и поединци на разни страни од светот.
Во полициското соопштение не се наведува неговиот идентитет, освен што се јваува дека уапсениот бил откриен и приведен на југот од Израел.
Претставник на полицијата им изјавил на домашните медиуми дека уапсениот праќал заканувачки пораки до луге и институции на еврејските заедници во САД, но во Австралија и Нов Зеланд.
Потрагата по него и апсењето го извршило специјалното одделение на израелските безбедносни сили за кибер криминал.
Засега не е познат мотивот на овој млад човек да им се заканува на своите сонародници. Апсењето било извршено во соработка со американското ФБИ.
Американците се интересирале за него, откако во 2015 година тој испратил повеќе заканувачки пораки кон авионската компанија „Делта Ерлајнс“.
Во една прилика, ваквата закана предизвикала авион на оваа компанија итно да биде приземјен, за да се открие „бомбата“ за која било речено дека е „некаде во леталото“.
Безбедносни експерти за кибер криминал тврдат дека станува збор за опасен и многу добро опремен и подготвен престапник за ваков вид кривични дела.
Израелскиот весник „Хаарец“, пак, открива дека уапсениот бил одбиен за служење воен рок во армијата. Во одлуката за одбивање било наведено дека „не е подготвен за војска“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...