Доналд Трамп им се заканува на републиканските конгресмени

Вашингтон, 24 март 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на републиканските конгресмени дека ако не гласаат за измена на делови од законот за здравствена заштита што го донесе неговиот претходник Барак Обама, ризикуваат да останат „трајно обележани“ како подржувачи на „Обамакеар“, што за нив би претставувало „катастрофа“.
Според американските медиуми, заканата била изречена на состанок на Трамп со републиканските конгресмени одржан зад затворена врата.
Станува збор за притисокот на претседателот Трамп во Конгресот да се усвојат измените на „Обамакеар“, што ги предложи новата администрација во форма на посебен Закон за здравствена заштита.
Првично, законот на Трамп требаше да биде усвоен вчера, за кога тоа го најави и самиот претседател, но усвојувањето беше одложено откако беа побарани нови корекции.
Одлагањето на гласање, медиумите во САД го оценуваат како „удар врз престижот“ на претседателот, особено што неговата Администрација, еднаш веќе го преработуваше текстот на предложениот закон, што е и причина за лутината на Белата куќа и заканите на Трамп.
Во текот на својата изборна кампања, Трамп остро го критикуваше „Обамакеар“ и најавуваше дека целосно ќе го отфрли ако стане претседател.
Но, откако влезе во Белата куќа, тој го смени своето мислење и се определи за измена на определени делови на законот, затоа што многумина републикански полутичари го предупредуваа дека може да се случи со укинувањето на „Обамакер“ без здравствена заштита да останат петанесетина милиони Американци.
Републикански конгресмени се уште имаат дилеми околу новата верзија на законот и сугерираат доработка,
За да се усвои новиот закон за здравствена заштита, потребно е за него да гласаат најмалку 215 членови на Претставничкиот дом, каде републиканците имаат мнозинтво. Но, ако најмалку 22 републикански сенатори и свртат грб на својата партија и гласаат против законот, заедно со демократите, тој нема да биде усвоиен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...