САД признаа: Во воздушните напади убиени десетици цивили во Мосул

Вашингтон, 25 март 2017 (МИА) - Војската на САД призна денеска дека во воздушните напади извршени по налог на безбедносните сили на Ирак во западниот дел на Мосул се убиени десетици цивили, јави БТА.
Централната команда на американската војска истакна во соопштение дека „тие тврдења ги сфатила сериозно и оти отворила истрага за да се утврдат фактите во врска со тие воздушни напади и валидноста на тврдењата за цивилни жртви“.
Обединетите нации денеска изразија длабока загриженост поради извештајот, кој покажува дека битката за Мосул довела до голем број цивилни жртви.
- Ние сме шокирани од трагичните загуби на човечки животи, изјави координаторот за хуманитарни акции за Ирак, Лиса Гранде.
Локалните власти и жителите соопштија во четвртокот дека десетици лица останале закопани под урнатините на зградите по серијата воздушни напади насочени против Исламска држава и големата експлозија, која следела, а телата се уште се извлекуваат од под урнартините.
Според ирачките власти на почетокот на овој месец имало најмалку 220 цивилни жртви како колатерална штета на нападите на коалицијата.
Ирачките сили денеска ги стопираа борбите за повторно заземање на западен Мосул од ИД поради високиот број цивилни жртви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...