САД ги осудија апсењата на стотици руски демонстранти

Вашингтон, 27 март 2017 (МИА) - САД ги оценија синоќа како навреда на демократијата апсењата на стотици лица, кои во Русија протестираа против корупцијата.
Во Москва над седум илјади лица учествуваа во протестот, според податоци на полицијата.
- САД остро ги осудуваат апсењата на стотици мирни демонстранти во Русија, изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.
- Апсењата на мирни демонстранти, набљудувачи на човекови права и новинари е навреда на основните демократски вредности, додаде тој.
Меѓу уапсените е рускиот опозиционер Алексеј Навални, организатор на протестот.
Тонер нагласи дека САД се загрижени поради апсењето на Навални една година пред претседателските избори во Русија, на кои тој планира да се кандидира.
- САД ќе ја следат ситуацијата. Ја повикуваме руската Влада итно да ги ослободи мирните демонстранти. Русите, како и сите други луѓе, заслужуваат Влада, која ја почитува слободата на мислата, транспарентноста и одговорното владеење, еднаквноста пред законот и можноста да се остваруваат правата без страв и репресија, додаде тој.
Полицијата соопшти дека во Москва се уапсени 500 лица, но според невладина организација, специјализирана за набљудување протести, уапсени се најмалку 933 лица. Во Санкт Петерсбург протестирале четири илјади лица, а уапсени се 130.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...