Еро побара вонредна седница на СБ на ОН за нападот во Идлиб

Париз, 4 април 2017 (МИА) - Шефот на француската дипломатија Жан-Марк Еро денеска побара вонредна седница на Советот за безбедност на Обединети нации поради сомневањето дека во сириската провинција Идлиб е извршен напад со хемиско оружје.
- Утрово е извршен нов и посебно сериозен хемиски напад во провинцијата Идлиб. Според првичните податоци има голем број жртви, вклуѕчително и деца. Го осудувам нападот. При такви сериозни акции, што ја загрозуваат меѓународната безбедност, повикувам никој да не биде иземен од одговорност. Затоа барам вонредна седница на СБ на ОН, посочи Еро.
Тој додаде дека Европа не може да има улога во обновата на Сирија без охрабрувачка транзиција.
И претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин разговараа за наводниот напад со хемиско оружје во Идлиб, кој е под контрола на сириските бунтовници, соопштија денеска извори блиски до турскиот претседател.
Според здраствените работници и набљудувачите, во нападот, за кој се верува дека е изведен од сириски воени авиони, загинале најмалку 58 луѓе, меѓу кои 11 деца помлади од осум години.
- Ердоган се осврна на употребата на хемиско оружје кон цивилите во Идлиб. Тој истакна дека таквите нехумани напади се неприфатливи, изјави неименуван извор.
Ердоган и Путин го истакнале и значењето за одржување на примирје во Сирија.
Претходно, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека руски или сириски воени авиони извршиле напади врз градот Хан Шејхоун во Идлиб што е под контрола на бунтовниците.
Неименуван извор од сириската армија потврди дека во нападот не е користено хемиско оружје, иако дел од медиумите јавија за можна употреба на таков вид оружје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...