САД, Велика Британија и Франција доставија до СБ резолуција за осуда на хемискиот напад во Сирија

Њујорк, 5 април 2017 (МИА) - САД, Велика Британија и Франција доставија вчера до Советот за безбедност на Обединетите нации нацрт-резолуција, со која се осудува нападот со хемиско оружје во Сирија и се повикува за брза и итна истрага.
Во текстот се повикува Организацијата за забрана на хемиско оружје брзо да ги претстави заклучоците за нападот, во кој загинаа 58 лица, а ранети беа 170. Нападот се случи во гратчето Хан Шејхун, што се наоѓа во бунтовничка зона во северозападната сириска провинција Идлиб.
Сириските власти се должни да им ги достават на истражните комисии плановите за летовите, листите со патници и секоја друга информација за воздушните операции од 4 април, се вели во документот.
Од Дамаск се бара и на меѓународните експерти да им ги предаде имињата на сите лица, кои командуваат со хеликоптери и итно да овозможи пристап до авиобазите, од кои се претпоставува дека се извршени нападите со хемиско оружје.
Доколку резолуцијата биде усвоена на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ќе му биде наложено на секои 30 дена да известува за тоа како сириските власти соработуваат со истрагата.
Руското Министерство за одбрана соопшти вчера дека нападот врз источните квартови на Хан Шејхун бил извршен од сириската авијација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...