Вето на Русија на резолуцијата на СБ на ОН за Сирија со која се осудува хемискиот напад во Хан Шејхун

Њујорк, 13 април 2017 (МИА) - Русија повторно стави вето на предлог резолуција на Советот за безбедност на ОН за да го одбрани сирискиот претседател Башар ал-Асад, блокирајќи го обидот на Западот за осуда на смртоносниот хемиски напад во сирискиот град Хан Шејхун, што му се препишува на сирискиот режим, пренесоа британските медиуми.
Во текстот на реолузијата се бара меѓународна истрага на хемискиот напад и се упатува повик до сириската Влада да помогне во истрагата.
Ова е осмо вето на Русија во Советот за безбедност во одбраната на нејзиниот сириски сојузник, забележуваат француските медиуми.
Кина, која од почетокот на граѓанската војна во оваа земја досега шест пати ставаше вето на предлог резолуциите за Сирија, овој пат се воздржа од гласање, заедно со Етиопија и Казахстан. Десет земји гласаа за поддршка на документот. Освен Русија, против резолуцијата гласаше и Боливија.
Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН, Владимир Сафронков, изјави дека оваа резолуција „не и служи на корисна цел“, пренесе ДПА.
Сафронков изјави дека американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, кој се наоѓа во посета на Москва, го проучува предлогот на својот руски Сергеј Лавров за создавање независна анкетна комисија, која ќе го посети Хан Шејхун и сириската военовоздухопловна база, која беше подложена на ракетен напад од САД, како одговор на хемискиот напад.
-Ова е осми пат како Русија го користи своето право на вето за да го одбрани сирискиот режим. Русија веќе не смее да тврди дека е против употребата на хемиско оружје, изјави постојаниот претставник на Велика Британија во ОН, Метју Рајкрофт, кој ја поднесе предлог резолуцијата, заедно со САД и Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...