Си-Ен-Ен: САД пресретнале разговори во кои сириските војници се договараат за хемискиот напад

Њујорк, 13 април 2017 (МИА) - Американските разузнавачки служби пресретнале разговори во кои сириските војници и експерти за хемиско оружје ги разгледувале подготовките за користење на бојни отровни супстанци во сириската провинција Идлиб, јави синоќа телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори од американската Влада.

Пресретнатите податоци биле дел од огромниот број информации, што САД ги собираат во Сирија и Ирак.
Си-Ен-Ен не даде дополнителни детали за разговорите.
Телевизијата посочи дека Вашингтон претходно не бил информиран за нападот поради огромниот обем на собрани информации, што најчесто остануваат необработени.

Но, откако се случи нападот со хемиско оружје во провинцијата Идлиб, САД веднаш почнаа да ги анализираат собраните разузнавачки податоци со цел да го откријат виновникот за нападот, забележа Си-Ен-Ен.
Телевизијата цитира наводи од американски официјални претставници, според кои, нема сомнение дека одговорноста за користењето на хемиското оружје ја сносат силите кои се поддржани од сирискиот претседател Башар ал Асад.

Си-Ен-Ен наведе дека во пресретнатите разговори, американските разузнавачки служби не откриле податоци што покажуваат дека руските вооружени сили имале некаква комуникација во врска со нападот во Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...