Трамп: Време е да се стави крај на бруталната граѓанска војна во Сирија

Вашингтон, 13 април 2017 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е време да се стави крај на бруталната граѓанска војна во Сирија, каде САД прв пат извршија напад, по хемискиот напад, за кој постои сомневање дека го извршил режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад.
- Време е да се стави крај на оваа брутална војна, да се победат терористите и да им се даде можност на бегалците да се вратат во своите домови, истакна Трамп на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Белата куќа.
Трамп сирискиот претседател Асад го нарече „касап“, кој е обвинет од западните земји дека го наредил хемискиот напад во Хан Шејхун, во кој беа убиени 87 лица, меѓу кои десетици деца.
Американскиот претседател смета дека постои можност Русија, која е сојузник на режимот да знаела за хемискиот напад.
- Тоа е можно, но сепак е малку веројатно и знам дека во моментот тие го истражуваат тоа. Ќе си земам за право да кажам дека тие (Русите) не знаеле, но можеби нешто знаеле. Тие биле таму, рече Трамп и додаде дека Пентагон истражува се што е поврзано со таа тема.
Трамп изјави дека за него нема „апсолутно никакво сомневање“ дека САД постапиле правилно, со тоа што одговориле на хемискиот напад со ракетен напад врз сириска воено воздухоловна база.
- Би било мошне добро доколку САД, НАТО и Русија меѓусебно се разбираат, рече Трамп, кој истовремено призна дека односите меѓу Вашингтон и Москва мошне се влошиле.
- Би било прекрасно НАТО и нашата земја да можат да се разбираат со Русија. Во моментов воопшто не се разбираме со Русија. Кога станува збор за односите со Русија можно е тие да се најниско ниво од кога и да е, додаде американскиот претседател.
Трамп напомена дека американскиот државен секретар Рекс Тилерсон имал повеќе успешни средби во Москва.
- Ќе разговарам со Рекс Тилерсон во најбрзо време. Сметам дека тој одржа мошне успешни разговори во Русија. Ќе видиме, рече тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...