Белата куќа потврди дека „армадата“ на САД сепак плови кон Корејскиот Полуостров

Вашингтон, 20 април 2017 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп демантира дека ја негирала информацијата оти американски носач на авиони и други воени бродови се упатиле кон Корејскиот Полуостров.
Според Белата куќа, никогаш не бил соопштен датум на пристигнување, а бродовите од групата се на пат.
Трамп на почетокот на минатата недела изјави дека пратил „армада“, како предупредување до Северна Кореја, имајќи ја предвид ударната група на носачот на авиони „Карл Винсон“, кој се покажа дека се уште е далеку од Корејскиот Полуостров и оти пловела во спротивна насока.
Пацифичката команда по тоа појасни дека ударната група прво требала да учествува во воена вежба во Австралија, но веќе била насочена кон Западениот Пацифик.
- Претседателот кажа дека имаме армада, која плови кон Полуостровот. Тоа е факт. Така и се случи. Поточно кажано, така се случува, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
Првично американските воени власти соопштија на 10 април дека адмиралот Хари Харис, началник на Пацифичката команда и наредил на групатана „Карл Винсон“ да отплови на север кон Западен Пацифик.
Но, на 15 април групата прво се упатила во друга насока, а американската Воена морнарица дури објавија снимка, која покажува како „Карл Винсон“ преминува преку Сундскиот Проток на пат за вежби во Австралија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...