Американскиот амбасадор во ОН не ја исклучува можноста САД да изврши напад врз Северна Кореја

Вашингтон, 24 април 2017 (МИА) - Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли не ја исклучи можноста за напад врз Северна Кореја од страна на САД доколку биде извршено тестирање на нова нуклеарна ракета.
Хејли во неколку интервјуа ја поздрави улогата на Кина, која се обидува да изврши притисок врз Северна Кореја да прекине со нуклеарните проби. Притоа упати критики до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, нарекувајќи го „нестабилен и параноичен“.
- Нема да направиме ништо доколку немаме причина за тоа, како што е нападот врз американската воена база или употребата на интерконтинентални балистички ракети, нагласи американската амбасадорка.
На прашањето што ќе се случи ако Северна Кореја повторно изврши ракетно тестирање, таа одговори дека „тогаш претседателот ги презема работите во свои раце и одлучува што понатаму“.
Северна Кореја често пати одбележува важни датуми со демонстрација на воените капацитети, а јужнокорејски претставници тврдат дека постои можност Пјонгјанг денеска по повод прославата на Денот на севернокорејската војска да изврши шеста нуклеарна проба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...