Бразилската полиција уапси 12 лица осомничени за кражба на околу осум милиони долари во Парагвај

Сао Паоло, 26 април 2017 (МИА) - Во Бразил се уапсени 12 мажи, осомничени за учество во спектакуларна кражба на околу осум милиони долари од Инкасо компанија, што се наоѓа во граничниот парагвајски град Сиудад дел Есте, кон почетокот на неделава, соопшти бразилската федерална полиција.
- Се смета дека уапсените се дел од групата од околу 50 лица, кои користеле експлозив за да го отворат трезорот во компанијата „Просегур“, по што избегале со парите во Бразилија, наведе Фабиано Бордигнон, инспектор од федералната полиција.
Подоцна, парагвајското Министерство за внатрешни работи соопшти дека тројца наводни членови на бандата загинале при престрелка со бразилски агенти во Бразилија, на 70 километри северно од Сиудад дел Есте.
Хуан Кочи, претседателот на „Просегур“ за Латинска Америка изјави дека напаѓачите, вооружени со автомати, нападнале полициска станица во околу два часот ноќта. Еден полицаец загинал, а четири лица се повредени.
Освен тоа, бандата запалила околу 16 автомобили, со цел да им го одвлече вниманието на властите пред да го нападне трезорот.
Кочи наведе дека од трезорот каде се наоѓале 49 милиони долари, се украдени околу осум милиони долари.
Бразилската федерална полиција соопшти дека нејзините вработени досега нашле околу 1,5 милиони долари во бразилски реали, парагвајски гуарани и американски долари.
- Се оценува дека напаѓачите се дел од организираната криминална банда „Првата капитална команда“ основана во Сао Паоло, изјави Анибал Лима, претставникот на полицијата во парагвајската провинција Алто Парана.
Парагвајската национална полиција соопшти дека четворица високи полициски службеници во Сиудад дел Есте биле отстранети од функциите по грабежот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...