Парагвајскиот Парламент го отфрлки предлог законот за реизбор на претседателот на државата

Асунсион, 27 април 2017 (МИА) - Долниот дом на Парламентот на Парагвај ги отфрли предложените измени во Уставот, што требаше да ги прошират одредбите за продолжување на мандатот на претседателот на државата со негов реизбор, пренесе ТАСС.
Пред приближно четири недели Сенатот, со тајно гласање, ја одобри оваа предложена мерка, што предизвика побуни низ земјата, што прераснаа во отворени судири.
Според претставник на владеjачката партија, Долниот дом - Палатата на пратениците - со 78 гласа и еден воздржан го отфрли предлог законот.
Прашањето за реизбор на претседателот е повод за силни тензии во Парагвај, каде се уште се живи спомените за 35-годишната воена хунта, што заврши во 1989 година.
По денешното гласање голема толпа луѓе ја поздрави одлуката на пратениците пред зградата на Парламентот.
Првично се тврдеше дека иницијативата има за цел да му помогне на претседателот Орасио Картес да се задржи на власта. Пред приближно две недели, меѓутоа, тој изјави дека нема да се кандидира на изборите во 2018 година, дури и доколку Парламентот ја усвои реформата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...