Израелски авиони погодија складиште со муниција на Хезболах кај аеродромот во Дамаск

Аман/Бејрут/Дамаск, 27 април 2017 (МИА) - Израелски авиони изведоа напад врз склад со муниција на либанската шиитска организација Хезболах, сместен крај меѓународниот аеродром во Дамаск, сооштија британските медиуми, повикувајќи се на извор од разузнавачка служба на земја од регионот и на сириските бунтовници.
Во складот се чувало оружје, кое Иран редовно го испраќа со карго или воено-транспортни авиони, посочил изворот кој посакал анонимност.
Сирискиот претседател Башар ал- Асад во оваа шестгодишна граѓанска војна е поддржан од Русија, Иран и регионалните шиитски милиции, вклучувајќи го и Хезболах, која е близок сојузник на Техеран и заколнат непријател на Израел, забележаа британските медиуми.
Израелскиот министер за разузнавање, Израел Кац, кој се наоѓа во посета на САД, за израелското воено радио изјави:„можам да потврдам дека инцидентот во Сирија целосно соодветствува на политиката на Израел за дејствување во спречувањето на испраките на модерно оружје од Иран за Хезболах преку Сирија“.
Министерот не сакаше да даде повеќе детали за настанот, но потсети на изјавата на израелскиот премиер дека „секој пат, кога добиваме разузнавачка информација за планирано испраќање модерни орудија на Хезболах, ние ќе дејствуваме“.
Двајца високо позиционирани претставници на бунтовничките групи во регионот на Дамаск јавија дека пет ракети паднале врз склад со оружје, што го користеле милициите поддржани од Иран.
Претходно денеска либанската телевизија „Ал Манар“, инаку блиска до Хезболах, јави дека воздушните напади зафатиле и складови и резервоари за гориво, но дека нема човечки жртви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...