Во Пекинг се одржува Тркалезна маса на светските лидери

Пекинг, 15 мај 2017 (МИА) - Тркалезна маса на светските лидери, која се одржува во рамки на Форумот „Појас и пат за меѓународна соработка“, почна рано изутринава по средноевропско време во Пекинг.
На настанот во Меѓународниот конференциски центар на езерото Јенчи учествуваат шефови на држави или влади на 28 земји и раководители на три меѓународни организации - Обединетите нации, Меѓународниот моментарен фонд и Светската банка.
Освен домаќинкот, претседателот на Кина, Си Џингпинг, кој ја отвори Тркалезната маса, на собирот се присутни и претседателите на Русија, Турција и Чешка, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Милош Земан, како и премиерите на Унгарија, Грција и Полска, Виктор Орбан, Алексис Ципрас и Беата Шидло.
Кинескиот претседател ги пречека сите гости во централниот хол на Конфренциската сала пред голем број новинари од целиот свет.
На Форумот, кој е отворен вчера учествуваат повеќе од 1.500 претставници од над 100 земји од целиот свет.
Тркалезната маса почна со сесија на тема „Политика на синергија за потесно партнерство“.
Во обраќањето на собурот Путин истакна дека Москва го поддржува проектот „Појас за меѓународна соработка“ и најави активно учество на Русија во него.
Тој истакна дека задачите на патот кон имплементација на иницијативата, која ја формулира кинескиот претседател се мошне тешки, но потребни.
Русија, според него нема само да ја поддржи иницијативата, туку во нејзината имплементација ќе учествува активно.
Путин нагласи дека создавањето појас на економски развој и меѓусебна трговија меѓу Азија и Европа претставува итна и важна иницијатива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...