Трамп : Имам право да споделувам информации со Русија

Вашингтон, 16 мај 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, дендеска потврди дека на својот минатонеделен разговор во Белата куќа со рускиот министер за надорешни работи, Сергеј Лавров, разменил информации за „тероризмот и за безбедноста во авионскиот сообраќај“.
На својот налог на Твитер, Трамп ги отфрли обвинувањата дека направил безбедносен пропуст и дека во текот на разговорот открил строго доверливи информации.
„Имам апсолутно право да споделувам информации со Русија“, напиша Трамп на Твитер, оправдувајќи ја својата постапка со намерата да ја натера Москва да направи повеќе во борбата против Исламска држава (ИД).
Според неговото објаснување, на таквиот чекор се решил, како што вели, од хуманитарни причини и од желбата Русија поефикасно да се вкучи во борбата со ИД и со тероризмот.
Изјавата на Трамп е прва негова реакција на пишувањето на „Вашингтон Пост“ за пропустите на претседателот со кои на Русите им открива „работи што тие (Русите) ќе можат да откријат кој е изворот на сознанијата на САД, кои Американците ги добиваат од земја сојузник, но ги сметале за толку доверливи, што досега ги немале споделено со другите свои сојузници“.
Написот на весникот, како и на „Њујорк Тајмс“, предизвика бранувања во американската политичка јавност. Демократите во Сенатот ја осудуваат таквата постапка на претседателот, додека неговите републиканци побараа дополнителни објаснувања за тоа што се случило на разговорот на Трамп со Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...