Експерт: Лажни се тврдењата дека Трамп има договор за оружје со Саудиска Арабија

Вашингтон, 6 јуни 2017 (МИА) - Американски експерт за односите на Блискиот исток, кој работел за четворицата последни американски претседатели, ги оспорува тврдењата на Белата куќа дека постои договор за оружје со Саудиска Арабија вреден 110 милијарди долари.
Брус Ридел, од „Брокинг институшнс“, ја негира информацијата за договорот објавен на 20 мај по средбата во Ријад меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и саудискиот крал Салман.
– Не постои договор. Тоа е лажна вест, наведува Ридел во колумна на сајтот на Брукинг, критикувајќи го Трамп, јави ДПА.
Цитирајќи извори во Конгресот и одбранбената индустрија, тој нагласува дека договорот е всушност, „голем број писма со интерес или намера, но нема договори“.
– Сите јавно соопштени елементи од воениот договор, меѓу кои се фрегати, Блекхок хеликоптери и систем за ПВО, или се почнати во време на Обама или се само заинтересираност на Саудијците, нагласува Ридел.
Ридел вели дека Саудијците немаат толку пари за таква „листа на желби“ поради ниската цена на нафтата.
Трамп објави на Твитер неколку дена по враќањето од таа посета: „Донесов стотина милиони долари во САД од Блискиот исток, а тоа значи работни места, работни места, работни места“.
Ридел, пензиониран аналитичар на ЦИА, беше висок советник за Блискиот исток во Националниот Совет за безбедност, што е под надлежност на секој претседател во изминатите 30 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...