Коми: Обвинувањата на Трамп за мене и ФБИ се лага

Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми изјави денеска дека обвинувањата од американскиот претседател Доналд Трамп дека Федералното биро е во хаос, се лаги.
Коми го изјави тоа пред сенатска Комисија за разузнавање во негово прво појавување во јавност по отказот што му го врачи Трамп на 9 мај.

– Аргументите на Трамп дека ФБИ е неефективен ги сметам како клевета за мене и за ФБИ, изјави тој.
– Објаснувањата за моја смена ме збунија и сериозно ме загрижија, истакна Коми.

Коми изјави пред сенатската Комисија дека „несомнено Русија се вмешала во изборниот процес во САД во 2016 година“.

Се очекува тој да даде објаснување и за вмешаноста на Трамп во истрагата за Русија и нејзиното влијание во претседателските избори во САД.
Сенаторите сакаат да слушнат од Коми каква била неговата улога во проценката на американските разузнавачки служби дека Русија се вмешала во изборите минатата година.

Седницата се емитува на сите големи телевизиски канали во САД. Си-Ен-Ен објави дека Трамп во Белата куќа го следи сведочењето на Коми во друштво со правниот советник Марк Касовиц. На Твитер денеска е популарен хаштагот #ComeyDay.
Трамп вчера објави дека за нов директор на ФБИ ќе го именува Кристофер Реј, кој работел во Министерството за правда за време на администрацијата на Џорџ Буш помладиот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...