Трамп ги продолжи санкциите што се однесуваат на Западен Балкан

Вашингтон, 22 јуни 2017 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за Западен Балкан, со која се продолжуваат вонредните мерки кои пред 16 години ги донесе претседателот Џорџ Буш, соопшти Белата куќа.
Одлуката, меѓу останатото, опфаќа и објава на т.н. црна листа на лица и организации кои се под санкции на САД пoради кршење на Дејтонскиот договор и закани за националната безбедност и интереси на САД.
- Се уште е присутна заканата од активности на поединци, вклучени во или помагање, спонзорирање или поддржување екстреми насилства во Република Македонија и во целиот Западен Балкан, или активности што ја попречуваат имплементацијата на Дејтонскиот договор во БиХ или Резолуцијата 1244 на СБ на ОН што се однесува за Косово, се вели во соопштение од Белата куќа.
Трамп првпат по преземањето на функцијата потпиша некоја извршна одлука што се однесува на Западен Балкан и ја продолжи за една година.
Буш на 26 јуни 2001 година донесе извршна уредба со која се прогласува дека се загрозени интересите на САД од поединци и организации во БиХ, Mакедонија и на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...