Нова истрага во Аргентина за смрта на синот на поранешниот претседател Менем

Буенос Аирес,22 јуни 2017 (MИА) - Посмртните останки на синот на поранешниот аргентински претседател Карлос Менем, се ексхумирани по 22 години од неговата мистериозна смрт.
Официјалната верзија за смрта на Карлос Саул Менем, во домашната јавност познат како „Карлитос„ е дека хеликопетрот со кој патувал имал несреќа, удирајќи во жиците на еден далекувод.
Еден аргентински суд прифати отворање нова истрага за случајот и дозволи ексхумација на останките на синот на некогашниот претседател, откако се појавија сомнежи дека Карлитос бил убиен.
Неговата мајка Зулема Хома сите години од неговата смрт, тврдеше дека синот бил жртва на терористички напад.
Таа тврди дека убијците пукале од огнено оружје во главата на Карлитос, а потоа го замениле неговото тело, со цел да се сокријат доказите за постоење на раните на главата.
Екипа форензичари сега ке ги испита ваквите тврдења. Тие треба да утврдат дали навистина станува збор за телото на синот Менем, или тоа е на некој друг и ке се обидат да утврдат што навистино се случило на 15 март 1995 година, кога официјално, тој загина во паднатиот хеликоптер.
Таткото Карлос Менем изминатите години ја подржуваше официјалната верзија за смрта на синот, но пред неколку години ја обвини либанската, шиитска, исламистичка група Хезболах дека го убила Карлитос.
Хезболх и Иран се формално обвинети од аргентинските власти за терористичкиот напад во 1984 година, кога од подметната бомба беше урнат Еврејскиот центар во Буенос Аирес.
Во овој напад беа убиени 85 лица, а стотина други беа повредени.
Сомневањето е дека синот на Менем бил убиен за да се натера таткото Менем да ја запре истрагата за нападот. Пред две годни , меѓутоа, поранешниот претседател беше осомничен од еден аргентински судија дека ја попречувал истрагата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...